ИЗВЕСТУВАЊЕ!
Почитувани,
Ве информираме дека заради промена на седиштето Државниот управен инспекторат од 14.01.2026 година нема да биде во можност да прима поднесоци во електронска форма, истите може да се достават во Писарницата или по пошта на адреса ул. Даме Груев бр.5 кат 1 Скопје.
За сите промени дополнително ќе известиме.
Со почит,
Државен управен инспекторат
ИЗВЕСТУВАЊЕ!
Почитувани,
Ве информираме дека од 24.02.2025 година, отворена е нова електронска адреса (e-mail адреса) contact.dui@mioa.gov.mk на која што може да се обраќате до овој орган.
Со почит,
Државен управен инспекторат
МИСИЈА
Државниот управен инспекторат е надлежен за надзор над Законот за општата управна постапка, и други закони што содржат одредби за управна постапка, потоа надзор над примена на одредбите за канцелариско работење како и примена на прописите што се однесуваат на административните службеници. Од тука главна мисија на инспекторатот е да обезбеди еднакви можности на граѓаните на Република Северна Македонија во остварувањето и заштитата на своите права пред органите на државната управа, со почитување на принципите на владеењето на правото и правната сигурност
ВИЗИЈА
Нашата визија е да бидеме дел од еден ефикасен систем за остварување и заштита на правата на граѓаните пред органите на државната управа и преку неселективна примена на инструментите на инспекцискиот надзор да дадеме сериозен придонес за создавање на сервисно ориентирана администрација која ќе биде во служба на граѓаните.