ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ
Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата интернет страна https://duinspektorat.mioa.gov.mk.
Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни да ги оствариме нашите законски задачи и овластувања. Личните податоци се обработуваат во согласност со начелата од Законот за заштита на лични податоци („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 42/20).
На оваа веб страница ги документираме сите информации околу обработка на вашите лични податоци од наша страна при посета на нашата веб страница.
Контролор на збирки на лични податоци
Контролор на личните податоци е Државниот управен инспекторат со седиште на ул. Даме Груев бр. 5 кат 1 во Скопје, Република Северна Македонија.
Телефон: +389 2 3140 730
Е-пошта: duinspektorat@mioa.gov.mk
Државниот управен инспекторат (во натамошниот текст – ДУИ) е орган во состав на Министерството за информатичко општество и администрација (во натамошниот текст – МИОА) со својство на правно лице, со сопствена буџетска сметка како буџетски корисник од прва линија, самостојно спроведува постапки за вработување согласно закон и одлучува за правата и обврските од работен однос. Надлежностите на Државниот управен инспекторат се утврдени во Законот за управната инспекција („Сл.весник на РМ“ бр. 69/2004, 22/2007, 115/2007, 51/2011, 164/2013, 41/2014 и 33/2015, 156/15, 193/15, 53/16 и 11/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 103/21),
Инспекцискиот надзор го врши во поглед на: навременото, економичното и ефикасното остварување на правата и интересите на граѓаните и другите учесници во управната постапка во решавањето на управните работи; постапувањето во пропишаните рокови во првостепената и второстепената управна постапка; вклучувањето на заинтересираните странки во управната постапка заради заштита на нивните права и интереси; обезбедување на докази по службената должност од службената евиденција што ја води органот надлежен за решавање, друг државен орган, правни и други лица на кои со закон им е доверено вршење на јавни овластувања, органите на општините, градот Скопје и општините во градот Скопје; извршувањето на правосилните управни акти, наплата на трошоците во управната постапка; издавањето на уверенија и други јавни исправи за одредени факти од службената евиденција; стручната подготовка на административните службеници и вработените во јавниот сектор; приемот на поднесоците во органите на државната управа и другите органи, правни и други лица; доставувањето на управните акти; употребата на јазиците во управната постапка и други работи утврдени во Законот за општата управна постапка. Инспекцискиот надзор го врши во органите на државната управа, другите државни органи, организации, установи и институции, правни и други лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања кога решаваат во управните работи, како и во органите на општините, градот Скопје и општините во градот Скопје, кога во вршењето на своите надлежности решаваат во управните работи за правата, обврските и правните интереси на правни и физички лица во согласност со закон.
Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.
Чии податоци собираме ?
Податоците кои се собираат и орбработуваат се оние добиени од колачињата на нашата интернет страна https://duinspektorat.mioa.gov.mk. Вообичаено собираме податоци за навигација и одржување на информациска сигурност на нашата веб страна. Повеќе за употребата на колачиња прочитајте во нашата Политика за користење на колачиња.
Пренос на лични податоци
ДУИ не ги пренесува вашите лични податоци на трети страни или во трети земји освен во случај на:
- Ангажирање на даватели на услуги ангажирани како обработувачи на лични податоци при што ќе бидат обврзани да постапуваат по упатствата на ДУИ и обезбедат заштита на личните податоци кои се обработуваат при обезбедувањето на тие услуги
- Барање на суд, полиција, органи на надзор или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и тоа само ако постои законски основ за тоа.
Време на чување на собраните податоци
Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката.
Информациска безбедност
Бидејќи нашата интернет страна се наоѓа на сервер на МИОА, па соодветно ќе се имплементираат безбедносните мерки и протокили пропишани од МИОА.
Кои се Вашите права?
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
- право да бидете информирани за обработката на личните податоци
- право на пристап до личните податоци
- право на исправка и бришење на личните податоци
- право на ограничување на обработката на личните податоци
- право на приговор
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци Весна Миланова на следниов e-mail: vesna.milanova@mioa.gov.mk или на телефон 072 304 384.
Право на поднесување на барање до ДУИ
Ако сметате дека начинот на кој ДУИ ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до ДУИ.
Промена на политиката за приватност
Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.
Со почит,
Државен управен инспекторат