ДИРЕКТОР

 

Катерина Марковиќ Јанковска

Именувана за директор на Државниот управен инспекторат од  3 јуни 2025 година, а предходно како в.д. директор  од  март 2025 година.

Родена е на 8 октомври 1971 година во Куманово.
Дипломирала на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Има повеќе од 30 години професионално искуство во правната област и јавната администрација, од кои најголемиот дел во Управата за јавни приходи. Таму развива прогресивна и континуирана кариера во периодот од 2006 до 2025 година, при што извршува различни функции, меѓу кои: даночен советник во Секторот за правни работи, виш инспектор за професионални стандарди и раководител на Единицата за професионални стандарди.
Во текот на својата кариера, беше дел од највисокиот раководен тим на УЈП и активно придонесуваше во имплементацијата на етичките и професионалните стандарди, како и во развојот и следењето на процеси од областа на даночната и управната регулатива.
Како искусен правник, има длабоко разбирање и познавање за националното законодавство и меѓународните стандарди, со посебен фокус на усогласување на правото со ЕУ директиви и антикорупциските политики, вклучително и од областа на управување со институционални ризици, јавна етика и правна хармонизација.
Активно учествува во бројни обуки, работилници, проекти и меѓународни иницијативи, со што изгради цврста основа за успешно институционално менаџирање. Поседува повеќе сертификати од релевантни меѓународни и национални институции, вклучувајќи обуки од областа на даночната постапка, етиката, управувањето со ризици на усогласеност, управувањето со проекти и административни процедури.
Исто така, во 2023 и 2024 година учествува како претставник и презентер во билатералните скрининзи на  ЕУ за Поглавјe 16 и  Поглавје 33, а како номинирано лице учествува и во креирањето на Националната стратегија за борба против корупција и судирот на интереси 2021–2025 година.
Говори англиски јазик на интермедијарно ниво, како и јазиците на поранешна Југославија, а има  и комуникативно ниво на познавање на Германски јазик.
Како директор на Државниот управен инспекторат, таа се залага за транспарентна, одговорна и ефикасна администрација во служба на граѓаните и законитоста.
Има јасна визија за унапредување на контролниот механизам, со цел инспекцискиот надзор да стане модерен, правично ориентиран и ефективен инструмент за јакнење на отчетноста во јавната администрација.