Обуки - „Е-инспектор„
Во периодот од 19-22.10.21 година, Државниот управен инспекторат спроведе обуки за УАТ фаза на електронскиот систем за автоматизација на инспекциската постапка и инспекциското работење „Е-инспектор„.
Со обуките инспекторите беа запознаени со системот, со неговите функционалности,можности и воопшто со корисничкиот интерфејс на истиот.
На обуките активно учество зедоа обучувачите за користење на системот „Е-инспектор„ и инспекторите од Државниот управен инспекторат.
Во иднина од страна на Државниот управен инспекторат во континуитет ќе се спроведуваат сите активности со утврдена динамика и рокови во Оперативниот план за УАТ фаза на електорнскиот систем за автоматизација на инспекциската постапка, се со цел успешно заокружување со пред-продукциското користење на системот Е-инспектор.