ДИРЕКТОР


Фаница Николоска,
ВД Директор на Државниот управен инспекторат

Фаница Николоска стапува на функцијата ВД Директор на Државниот управен инспекторат во јуни 2017 година.

Од 2006 – 2011 година работи како советник во Сектор за организациони работи поврзани со работата на Владата во Генералниот секретаријат на Влада на Република Македонија, 2011 – 2012 година како советник во Одделение за правни работи во Министерството за информатичко општество и администрација, а на местото ВД Директор доаѓа од самиот Инспекторат каде претходно од 2012 година е советник управен инспектор.

Во повеќегодишното работно искуство има посетувано голем број на обуки и семинари кои придонесуваат во професионалното и ефикасно менаџирање, како Денови на кариера (техники на презентирање, техники на продавање, стрес менаџмент, Тимска работа...), Обука на тема Анализа, имплементација и надзор над примената на Законот за општата управна постапка, Обука за имплементација на Закон за вработени во јавниот сектор, Закон за административни службеници и Закон за инспекциски надзор, Стручната обука за запознавање со новините во Законот за инспекциски надзор и соодветните под законски акти, новините во Законот за воведување на систем за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба, новините во прописите за канцелариското работење и др. Соодветно има активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, како и Англиски и Српски јазик.

Со звањето Дипломиран правник VII/1 степен се стекнува на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Правни студии, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

Телефон:    +389 2 3224 576
Е-пошта:    fanica.nikoloska@mioa.gov.mk