ДРЖАВЕН УПРАВЕН ИНСПЕКТОРАТ

Надлежности на Државниот управен инспекторат


Државниот управен инспекторат согласно член 4 став 2 од Законот за управната инспекција („Сл.весник на РМ“ бр. 69/2004, 22/2007, 115/2007, 51/2011, 164/2013, 41/2014 и 33/2015) е орган во состав на Министерството за информатичко општество и администрација со својство на правно лице, со сопствена буџетска сметка како буџетски корисник од прва линија, самостојно спроведува постапки за вработување согласно закон и одлучува за правата и обврските од работен однос.
- Број на фиксен телефон на инспекциската служба: 02 3223 965.
- Електронска адреса: duinspektorat@mioa.gov.mk.
- Интернет страница: http://duinspektorat.mioa.gov.mk.
- Државниот управен инспекторат е формиран врз основа на
- Орган во состав на Министерството за информатичко општество и администрација, со својство на правно лице, со сопствена буџетска сметка како буџетски корисник од прва линија.
Надлежностите на Државниот управен инспекторат се утврдени во Законот за управната инспекција („Сл.весник на РМ“ бр. 69/2004, 22/2007, 115/2007, 51/2011, 164/2013, 41/2014 и 33/2015), според кој управната инспекција врши надзор над примената на одредбите од:
  • Закон за општата управна постапка („Сл.весник на РМ“ бр. 38/2005, 110/2008 и 51/2011), и другите закони и прописи што содржат одредби за управната постапка.
  • Закон за инспекциски надзор („Сл.весник на РМ“ бр. 50/2010, 162/2010, 157/2011, 147/2013, 41/2014 и 33/2015).
  • Закон за управната инспекција („Сл.весник на РМ“ бр. 69/2004, 22/2007, 15/2007, 51/2011, 164/2013, 41/2014 и 33/2015).
  • Закон за постапување по претставки и предлози („Сл.весник на РМ“ бр. 82/2008 и 13/2013).
  • Закон за административни службеници („Сл.весник на РМ“ бр. 27/2014, 199/2014 и 48/2015) и подзаконски акти за имплементација на законот.
  • Закон за вработените во јавниот сектор („Сл.весник на РМ“ бр. 27/20141 и 199/2014) и подзаконски акти за имплементација на законот..
  • Закон за постапување по претставки и предлози („Сл.весник на РМ“ бр. 82/2008 и 13/2013).
  • Закон за архивски материјал („Сл.весник на РМ“ бр. 95/2012 и 41/2014).
  • Уредба за канцелариско и архивско работење („Сл.весник на РМ“ бр. 1/2014).
  • Упатство за начинот и техниката на постапување со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и архивскотото работење („Сл.весник на РМ“ бр. 99/2014).
  • Правилник за содржината, начинот и формата на водење на управна статистика, како и содржината на извештаите од управната статистика („Сл.весник на РМ“ бр. 2/2009).
  • Правилник за формата, содржината и начинот на водење на инспекциска евиденција, како и содржината на извештаите од инспекциската евиденција („Сл.весник на РМ“ бр. 165/2011).
  • Правилник за начинот на вршење на инспекциски надзор на управната инспекција („Сл.весник на РМ“ бр. 114/2008).
  • Правилник за начинот на постапување по претставките и предлозите („Сл.весник на РМ“ бр. 2/2009).
  • Правилник за содржината, начинот и формата на водење на евиденција на податоците што се однесуваат по претставките и предлозите, како и содржината на извештаите („Сл.весник на РМ“ бр. 2/2009).

Инспекцискиот надзор го врши во поглед на: навременото, економичното и ефикасното остварување на правата и интересите на граѓаните и другите учесници во управната постапка во решавањето на управните работи; постапувањето во пропишаните рокови во првостепената и второстепената управна постапка; вклучувањето на заинтересираните странки во управната постапка заради заштита на нивните права и интереси; обезбедување на докази по службената должност од службената евиденција што ја води органот надлежен за решавање, друг државен орган, правни и други лица на кои со закон им е доверено вршење на јавни овластувања, органите на општините, градот Скопје и општините во градот Скопје; извршувањето на правосилните управни акти, наплата на трошоците во управната постапка; издавањето на уверенија и други јавни исправи за одредени факти од службената евиденција; стручната подготовка на административните службеници и вработените во јавниот сектор; приемот на поднесоците во органите на државната управа и другите органи, правни и други лица; доставувањето на управните акти; употребата на јазиците во управната постапка и други работи утврдени во Законот за општата управна постапка.
        Инспекцискиот надзор го врши во органите на државната управа, другите државни органи, организации, установи и институции, правни и други лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања кога решаваат во управните работи, како и во органите на општините, градот Скопје и општините во градот Скопје, кога во вршењето на своите надлежности решаваат во управните работи за правата, обврските и правните интереси на правни и физички лица во согласност со закон.